Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Три товарни возила учествуваа во сообраќајна незгода кај „Прентов мост“, повредено едно лице

Охрид, 25. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 24-ти јули 2023 година, во 19:36 часот во СВР Охрид било пријaвено дека на магистралниот пат Охрид-Ресен, во близина на „Прентов мост“, се случила сообраќајна несреќа во која е повредено едно лице.

– Незгодата се случила помеѓу три товарни возила, марка „Рено“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 56-годишниот Љ.Т. од Охрид, „Ман“ со приколка со скопски регистарски ознаки, управувано од 47-годишниот П.Н. од Велес и „Митсубиши“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 43-годишнито В.С. од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатник од возилото „Митсубиши“, 41-годишниот А.С. од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука