Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Ново ремикс издание од песната „I Remember“ на Владимир Четкар на шкотското Dj дуо The Knutsens

Охрид, 25. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Песната „I Remember“ на Владимир Четкар доби ново и свежо ремикс издание изработено од шкотското Dj дуо The Knutsens.

Ремиксот е издаден од страна на британската музичка куќа „Only Good Vibes Music“, позната по високо квалитетните изданија на Nu Disco и Soulful House жанрот.

„I Remember“ е комплетно авторско дело на Владимир Четкар од неговиот втор студиски албум „Heavenly“, снимено во Њујоршкото „Dubway Studios“ со жива инструментација која предизвика големо внимание кај повеќе легендарни продуценти, аранжери и изведувачи од златното доба на диско музиката меѓу кои и имиња како Tom Moulton, Patrick Adams, DC LaRue и други.

Традиционално, Четкар оваа година ќе биде дел од 8-то издание на уникатниот традиционален настан, „Вино и Џез со Владимир Четкар“.

– Концертот ќе се одржи во сабота, на 29-ти јули во прекрасниот амбиент на винаријата „Monastery Winery“ која се наоѓа во селото Опеница, на само 10 километри од Охрид. Вратите се отвараат во 18:00, а настанот ќе започне во 20:00 часот, информираат организаторите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука