Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Комисијата за уставни прашања го прифати предлогот за уставни измени, седницата ќе се одржи на 18 август

Скопје, 25. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Собраниската Комисија за уставни прашања со десет гласови „за“ и седуммина против го проследија на натамошно разгледување предлогот за уставни измени.

На денешната седница на Комисија предлогот го образложи премиерот Димитар Ковачевски, а зборуваа и своите ставови ги изнесоа претставнции на сите пратенички групи. Против уставните измени се пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Собраниската седница за утврдување на потребата од уставни измени е закажана на 18-ти август. (Крај)

извор: Сител фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука