Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Дел од населбата Коњско неколку часа без вода

Охрид, 26. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 09:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на дел од населбата Коњско, информираат од ЈП „Водовод“ Охрид.

Викендов жителите на Коњско алармираа дека 24 часа се без вода. Од Општина Охрид информираа дека екипи на „Водовод“ работеле на санација на три поголеми дефекти на главната водоводна линија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука