Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

ГФК Охрид Лихнидос на тест средба со Пелистер

Охрид, 26. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Продолжуваат контролните средби на фудбалерите на ГФК Охрид Лихнидос, во пресрет на новата натпреварувачка сезона.

Денес гостуваат во Битола, кај екипата на Пелистер. Натпреварот ќе се одигра на стадионот Петар Милошевски. Тест средбите ќе ги продолжат во сабота, на 29-ти јули, кога на домашен терен им гостува екипата на Новаци.

Нерешено и без голови заврши контролниот натпревар со Елбасан, а претходно „рибарите“ беа поразени од Воска спорт. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука