ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Се зборува на Facebook: Бројни реакции по синоќешното интервју на градоначалникот Пецаков, оценките за сезоната, автопатот, базенот, плажите и најавата за втор мандат

Охрид, 26. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Интервјуто на градоначалникот на Охрид д-р Кирил Пецаков, дадено синоќа за Тв Алфа и ставовите изнесени во истото се меѓу најкоментираните на Facebook профилот на OhridPress.

Во него Пецаков истакна дека Охрид ја живее најдобрата сезона во историјата и дека бројките од најдобрите години се веќе надминати. Во однос на цените на понудата во градот, кои според многумина се високи, Пецаков со став дека Охрид е туристичко место кое има места за сите, според нивните можности. Додаде дека плажите се уредени по принципот на поставување на урбана опрема со дефинирани параметри што треба да се почитуваат. Околу извештајот за загаденоста на водата во Охридското Езеро, Пецаков со став дека истиот дојде на почетокот на сезоната кога редовно се добиваат напади кои не исти со реалната состојба.

Пецаков напомена дека со задоволство би се кандидирал повторно за функцијата, доколку го поддржи народот и ја добие довербата од неговата матична партија.

Читателите на OhridPress генерално ги препознаваат проблемите со кои се соочува градот и кои се посочени од страна на Пецаков и бараат повеќе внимание на хигиената и одржувањето на градот, подобрување на патната инфраструктура, потребата од нови паркинзи, особено во центарот на градот, уредувањето на плажите, особено во делот на лежалките и слично. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука