Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Отворена Летната школа по македонски јазик за деца на иселениците во Охрид

Охрид, 27. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Триесет ученици од Норвешка, Малта, Словенија, Франција, Германија, САД, Русија, Австрија и Србија следните шест дена ќе следат настава по мајчин, македонски јазик, ќе имаат спортски активности, како и посети на културно-историските знаменитости на Охрид.

Учесниците на Школата ги поздрави директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски, им заблагодари за интересот за учество и учење на мајчиниот јазик и им посака пријатен и незаборавен престој во татковината. (Крај)

извор: Канал 5 фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука