Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Пожар во подрумски простории од зграда на улицата „Гоце Делчев“, четири лица побарале медицинска помош

Охрид, 30. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 29-ти јули 2023 година, во 14:42 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во подрумски простории од зграда, лоцирана на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, се случил пожар.

– Притоа, четири лица побарале и добиле медицинска помош и се надвор од животна опасност. Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука