Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на СВР Охрид: Во два случаи полицијата пронајде марихуана кај лица од Скопје во автокамп во Охрид

Охрид, 30. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 29-ти јули 2023 година, околу 17:00 часот, при преглед извршен во автокамп лоциран на брегот на Охридското Езеро, кај 23-годишно лице од Скопје, полициските службеници пронашле и одзеле најлонска кеса со марихуана и нож марка „Бокер“ со сечиво од 10 сантиметри.

– Тој е приведен во Полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

Во друг случај, на 29-ти јули 2023 година, во СВР Охрид лишен од слобода е 37-годишен скопјанец. При преглед извршен во автокамп лоциран на брегот на Охридското Езеро, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, кај него пронајдоа и одзедоа опојна дрога кокаин и марихуана. Дополнително, при претрес извршен по судска наредба во неговата камп приколка, пронајдена е кеса со марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.(Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука