ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Тешко повреден параглајдерист на Галичица, со хеликоптер пренесен во Скопје

Охрид, 2. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени, Алпинистичкиот тим и животоспасувачите од Одделот за специјални полициски операции, заедно со граничната полиција од РЦ Запад попладнево се упатени на планината Галичица.

Тие се подготвени за уште една спасувачка акција, откако денеска, во попладневните часови беше пријавено дека холандски државјанин се здобил со тешки телесни повреди при спуштање со параглајдер на падините на Галичица од македонската страна на планината.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопштија дека холандскиот параглајдерист е имобилизиран од спасувачките екипи и веќе со хеликоптер се транспортира за Скопје по што ќе го преземе медицински тим.

Според ЦУК, параглајдеристот има сериозни повреди на р’бетот.

– Спасувачите од планинарската спасувачка служба од Црвениот Крст – Охрид пристигнаа на падините на Галичица на местото на кое падна холандскиот параглајдерист. Поради сериозните повреди на р’бетот параглајдеристот е имобилизиран со вакуум душек и шанцова кравата, а со помош на полициските специјалци од Тигрите е сместија во хеликоптер на МВР. Хеликоптерот е на пат за Скопје каде повредениот турист ќе го презеде медицински тим, информираат од ЦУК. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука