Избор Култура ТОП ВЕСТИ

Изложба на дела на мали уметници од летната сликарска школа „Пробај уметност“

Охрид, 3. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Утревечер на малиот плоштад кај Мини маркет ќе се одржи изложба на уметнички дела на мали уметници, кои ја посетуваа летната сликарска школа „Пробај уметност“.

„Низ детските очи 4“ е четврта по ред групна изложба на слики во рамките на летната школа. На оваа изложба на отворено ќе бидат изложени 49 слики од деца на возраст од 6 до 12 години.

Школата траеше шест недели, а беше во организација на Здружението за развој на културно – уметнички вредности „Тактус“ од Охрид.

Почетокот на изложбата е во 18:30 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука