Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

И за Ротшилд Фондацијата, „светскиот хуманизам е незамислив“ без Балканскиот Ерусалим: „Охрид е бисерот на светската цивилизација“

Охрид, 10. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – „Без Охрид, не може да се замисли светскиот хуманизам“, пишува, во име на Ротшилд Фондацијата, Фредерик Фапани (Frédéric Fappani von Lotringen), претседател на Фондацијата Интернационалeн центар за млади хуманисти, при Ротшилд Фондацијата од Париз, во честитката до академик Виктор Фридман, годинешен добитник на Светската награда на хуманизмот.

Фапани е иницијaтор на Наградата за млади светски хуманисти, која, во изминативе неколку години, ја добија, меѓу другите, д-р Цендрик Оанкапоне, млад лекар од Банги, Централна Африканска Република, кој спаси голем број животи за време на судирите во неговата земја, но, и нашиот храбар јунак Марко Пејчиновски, кој, како од шега, го препливува Охридското Езеро.

Истакнатиот мислител, филозофот Фапани, три пати бил во Охрид, како гостин, по повод доделувањето на Светската награда на хуманизмот.

Во неговите написи, во најугледните светски медиуми, градот Охрид е „бисерот на светската цивилизација“.

– Не постои друг град во светот кој може да се нарече Центар на светскиот хуманизам. Подготвувам посебно издание за Охрид, на повеќе светски јазици, книга за хуманизмот и за Охрид, од Свети Климент до денес, која ќе биде промовирана догодина, на свечената инагурација на Спомен обележјето, со сите досегашни добитници, вели Фапани.

Семејната династијата Ротшилд (Rothschild) од Франкфурт, Германија, ја основа Мајер Амшел Ротшилд, дворски Евреин, која, во 19 век, била најбогатото семејство во светот, врз основа на широк спектар дејности, пред се’, во финасиските услиги, недвижностите, рударството, енергетиката, земјоделието и винарството, но и во хуманитарната дејност. (Крај)

извор: Веле Митаноски фото: Веле Митаноски

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука