ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Тешка сообраќајна незгода на патот Охрид-Св. Наум, во близина на „Св. Стефан“ (Фото)

Охрид, 10. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Тешка сообраќајна незгода се случи денеска, нешто по 14:00 часот на патниот правец Охрид-Св. Наум, во близина на „Св. Стефан“, на потегот пред хотелот „Славија“.

Според првичните информации на OhridPress, во незгодата учествувале две возила, „Опел Астра“ со охридски регистерски таблички и возило „Фолксваген“ од Кавадарци. Едно од возилата во незгодата заврши на покривот.

До овој момент нема потврдени информации за повредени лица, а во незгодата е причинета поголема материјална штета. (крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука