Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Откривање скулптура и „Прелудиум“ како вовед во 35. Поетска ноќ во Велестово

Охрид, 10. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во пресрет на триесет и петтото издание на „Поетска ноќ во Велестово“, во сабота, на 12-ти август, од 13:00 часот, на сретсело во Велестово, свечено ќе биде откриена скулптурата „Раката на поетот“ од уметникот Никола Пијанманов.

Познатиот уметник, при обликувањето, бил инспирирана од песната „Есен“ на големиот германски поет Рајнер Мариа Рилке.

Скулптурата е донација од уметникот за фестивалот, а реализацијата ја овозможи Општина Охрид.

Истиот ден, со почеток од 18:00 часот, во кафе и бар „Шила“, во Охрид ќе се одржи интернационалното поетско читање „Прелудиум“, преднастан на јубилејната 35. „Поетска ноќ во Велестово“.

Годинава, на Поетска ноќ во Велестово, настапуваат девет поети од пет земји: Марија Дејановиќ (Хрватска), Ким Симонсен (Фарски Острови), ТаносГогос (Грција), Марио Де Роза (Италија), Марко Грегур (Хрватска), Долорес Атанасова- Лори, Ѓоко Здравески, Марина Икономова Шокева и Сашо Огненовски од Македонија. (Крај)

извор: Веле Митаноски фото: Веле Митаноски

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука