Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Многу насмевки, подароци и супер забава на плажата кај Љубаништа со Vincinni, Тамаро и Супер радио (Фото/Видео)

Охрид, 10. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Веќе традиционално, на почетокот на август, плажата кај Љубаништа беше локацијата на која предизвикавме многу насмевки, доделивме многу подароци и имавме супер заедничка забава со Vincinni, Тамаро и Супер радио.

Гостите на плажата пред автокампот во Љубаништа, заедно со тимот на Супер радио и Тамаро и екипата на Vincinni, направија да имаме уште еден прекрасен ден поминат на брегот на Охридското Езеро.

СУПЕР екипата на Супер радио денеска, пред да не освежи и летниот дожд, испорача многу позитивна енергија, а беа поделени и многу вкусни Vincinni производи, како дел од соработката на Супер радио и Тамаро со најголемите македонски компании.

– И денеска денот беше пресладок со Vincinni во Љубаништа. Поделивме навистина многу вредни и вкусни награди за охриѓани, но и за сите кои се на одмор во нашиот најубав Охрид. Кога ќе си заминат дома, нека понесат убави спомени и секако вредни и вкусни подароци, порача водителот Жанко ЗШ Голабоски.

Мирно и топло лето охридско, да уживаме заедно со нашите пријатели, Тамаро и секако Vincinni.

– Јули и август се месеци на забава и уживање. Заедно да креираме моменти за паметење на кои ќе се сеќаваме долго, како и на вкусот кој не поврзува, вкусот на најслатките Vincinni производи, додава Жанко.

Секако тука се и секојдневните подароци кои ги доделуваме на Супер радио, за сите заедно да имаме уште едно топло, мирно и СУПЕР поминато лето во преубавиот Охрид.

И оваа кампања е ново дело излезено од креативната работилница на Супер радио и Be 1 Digital Marketing, кои поставуваат нови стандарди во маркетингот и презентацијата на компаниите во регионот.(Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Супер радио/Be 1 Digital marketing

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука