ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Читатели на OhridPress реагираат на несоодветно одложени скулптури на Св. Кирил и Методиј, од хотелот „Гранит“ потенцираат дека се чека на дозвола за поставување (Фото)

Охрид, 15. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Читатели на OhridPress, до нашата редакција испратија реакција и фотографии од скулптури на Светите браќа Кирил и Методиј, кои се одложени во тревникот на хотелот „Гранит“.

– Се работи за нешто што е од голема важност за Македонија, цел православен свет, Охрид како град на УНЕСКО, Балканскиот Ерусалим. Имено, во изминатиот период, пред хотелот „Гранит“, покрај самиот паркинг, видов во тревата на непримерно место „лежат“ во тревата Светите браќа Кирил и Методиј, што е вознемирувачка слика за секој добронамерен чоек. Се поставува прашањето, во чија сопственост се тие споменици (очигледно демонтирани и донесени од некаде), зошто се на вакво несоодветно место, дали е некој запознат со ова и што натаму со нив, стои во дописот.

Денеска се обративме до одговорните во хотелот „Гранит“ од каде потенцираат дека скулптурите не се фрлени и дека истите се наоѓаат во дворот на хотелот.

– Тие се во сопственост на Градежното друштво „Гранит“, а не на хотел „Гранит“ и треба да се наместат. Станува збор за големи скулптури, не можеме да ги ставиме во некоја соба. Немаме дозвола да ги поставиме кај нас во хотелот и се чека на дозвола за поставување, која во моментов ја немаме. Ставени се на соодветно место и се наместени. Станува збор за скуптури долги 10 метри, информираат од хотелот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука