Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Технолошки камп за справување со дезинформации преку образованието во Охрид

Охрид, 15. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од 16-ти до 19-ти август 2023 година, во просториите на Факултетот за туризам и угостителство (ФТУ) во Охрид ќе се одржи TechCamp (Технолошки камп) за справување со дезинформации преку образованието.

Истиот е наменет за наставници од сите предметни области во основното образование заинтересирани за инкорпорирање на технологијата и вештините за медиумска писменост во нивната наставна практика.

Ќе учествуваат 40 наставници и осум ментори од САД, Обединетото Кралство, Грузија и Република Македонија. Кампот се состои од седум практични работилници, со кои се поврзуваат ментори од приватниот сектор, академијата и невладини организации со македонските едукатори.

– Покрај учество на работилниците, учесниците на кампот ќе работат во мали групи за да развијат практични иновативни решенија поврзани со најновите трендови и најдобри практики во образованието за медиумска писменост, борба со дезинформациите и лажните вести, како и основите на сајбер безбедноста, информираат организаторите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука