Економија Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Витаминка лето 2023: Уште една супер забава со Тамаро и Супер радио (Фото/Видео)

Охрид, 14. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Како продолжение на успешната соработка со најголемите компании од државата и регионот повеќе од една деценија наназад, охридските „Тамаро“ маркети и водечкиот медиум во регионот, Супер радио, и ова лето нудат врвна забава, многу подароци и насмевки за сите.

Прекрасно лето охридско со нашите традиционални пријатели од Vitaminka и Тамаро кои повторно го носат вистинскиот вкус н аова лето. Во текот на јули и август ќе се дружиме, ќе подаруваме многу вкусни производи и секако подготвивме многу забава за Вас.

Маркетот лоциран на улицата „АСНОМ“ во населбата „Бејбунар“ беше локацијата каде денеска се одржа уште една од летните промотивни забави со тимот на Супер радио, како дел од предвидените активности ова лето на Тамаро и Витаминка.

– Прекрасно лето охридско со нашите традиционални пријатели од Vitaminka и Тамаро кои повторно го носат вистинскиот вкус на ова лето. Во текот на јули и август ќе се дружиме, ќе подаруваме многу вкусни производи и секако подготвивме многу забава за Вас, порача водителот Жанко ЗШ Голабоски.

Тој додаде дека јули и август се месеци на забава и уживање, кога заедно со Тамаро ги имаме подготвено за Вас и „Vitaminka Challenge“ – супер атрактивни настани со охридските скејтери, кои се дел од оние кои најмногу уживаат во Витаминка производите.

Мирно и топло лето Охридско, да уживаме со нашите пријатели, Тамаро и секако Витаминка.

И оваа кампања е ново дело излезено од креативната работилница на Супер радио и Be 1 Digital Marketing, кои поставуваат нови стандарди во маркетингот и презентацијата на компаниите во регионот.(Крај)

извор: ОхридПресфото/видео: Суперрадио/Be 1 Digital marketing

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука