Избор Локална самоуправа Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Пецаков: Христијана е нашиот шампион, нашата гордост и ни покажа дека со љубов и работа не постојат недостижни работи

Охрид, 27. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓани вечерва уште еднаш организираа соодветен пречек за својата супер успешна таеквондиска, младата Христијана Парулеска која го освои бронзениот медал во спаринг борби – јуниорки 14-15 години на Светското таеквондо ИТФ првенство во Астана, Казахстан.

– Верувам дека не постои охриѓанец кој не се радува на достигнувањата од Христијана Парулеска. За радоста да биде уште поголема Христијана ни овозможи уште еднаш во краток период да се собереме и колективно радуваме. Овој пат повод за тоа е освоеното 3то место на Светското првенство во таеквондо. Во категоријата на спаринг борби таа беше подобра од учесничките Русија, Канада и Грција. За жал поради повреда од 1/4 финалето во полуфиналето и покрај водството од 4:1 натпреварот мораше да го предаде. Христијана е нашиот шампион, Христијана е нашата гордост и Христијана ни покажа дека со љубов и работа не постојат недостижни работи, порача градоначалникот на Охрид д-р Кирил Пецаков.

Парулеска, црн појас I дан, во првиот меч славеше против натпреварувачката од Русија, а потоа и против репрезентативкиte на Канада, Грција и Узбекистан. Во Казахстан беа и Давид Крстески црн појас I дан и Елена Јанеска црн појас I дан кои се искусни натпреварувачи и освојувачи на медали на важни европски натпреварувања.

Ова е уште еден огромен успех за младата Христијана Парулеска, која се закити со титулата европска шампионка во спаринг борби и на Европското првенство во таеквондо ИТФ, кое се одржа во Језоло, Италија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука