Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево и многу топло време со умерена облачност и температура до 32. степени

Охрид, 28. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и многу топло време со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец.

UV индексот ќе биде 8, а максималната температура ќе се искачи до 32. степени.

– Денес ќе се задржи сончево и многу топло време. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми, а преку ноќта и утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град. Дневните температури од утре ќе опаднат за неколку степени, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука