Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајна незгода кај „Св. Стефан“, повредени две помлади лица од Охрид

Охрид, 28. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 28-ми август 2023 година, во 04:30 часот било пријавено дека на регионален пат Р1301 Охрид-Свети Наум во населбата „Свети Стефан“, патничко моторно возило марка „БМВ“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 19-годишен охриѓанец, излегло надвор од коловозот.

– По несреќата возачот и неговиот сопатник, 18-годишно лице од Охрид биле пренесени во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид каде од лекар им биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука