Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајна несреќа на улицата „АСНОМ“, повреден возач на моторцикл

Охрид, 28. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 28-ми август 2023 година, околу 06:20 часот било пријавено дека на улицата „АСНОМ“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл марка „Хамачи“ со охридски регистарски ознаки, управуван од страна на 20-годишен охриѓанец и патничко моторно возило „Голф“’ со охридски регистарски ознаки, управуван од страна на 53-годишно лице од охридското село Коњско.

– По несреќата возачот на моторциклот бил пренесен во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид, каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа до СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука