Избор Македонија Охрид Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Охрид и Струга доминираат во полицискиот Билтен: Физички напади, напад врз полициски службеници…

Охрид/Струга, 28. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Настаните случени изминатите 24 часа на територијата на СВР Охрид доминираат во полицискиот Билтен, регистрирани се физички напади, напад врз полициски службеници…

На 27-ми август 2023 година, во 22:00 часот во Полициска станица Охрид, 45-годишен охриѓанец пријавил дека во 17:35 часот на стадион во Охрид бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 27-ми август 2023 година, во 12:35 часот во Полициска станица Струга 59-годишно лице од селото Вевчани, пријавил дека околу 11:10 часот во Струга по претходно недоразбирање во сообраќајот бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 28-ми август 2023 година, во 06:00 часот во Полициска станица Охрид, 34-годишно лице од Штип пријавило дека околу 04:00 часот на паркинг пред спортска сала во Охрид бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 27-ми август 2023 година, во 19:10 часот во Охрид од полициски службеници било приведено 34-годишно лице од САД затоа што при извршен преглед кај него бил пронајден нож, со што сторил прекршок казнив по член 80 став 1 од Законот за оружје. Лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Охрид за понатамошна постапка.

На 27-ми август 2023 година, околу 17:00 часот во Струга од полициски службеници од Полициска станица Струга биле лишени од слобода две лица од струшките села Долно Татеши и Делогожда, како и едно лице од Велешта, затоа што според пријавеното агресивно се однесувале и физички нападнале полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на настанот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука