Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

МВР: На плажата „Св. Наум“ вчера се удави 65-годишно лице од Албанија

Охрид, 28. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 27-ми август 2023 година, околу 16:15 часот во СВР Охрид било пријавено дека на плажата „Свети Наум“, од водите на Охридското Езеро без знаци на живот бил изваден 65-годишниот А.М. од Република Албанија.

– Од лекар од итна медицинска помош била констатирана смрт, без траги на насилство. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид. По наредба на Јавен обвинител телото е дадено на обдукција, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука