Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно и нестабилно време со врнежи од дожд и температура до 26. степени

Охрид, 29. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

UV индексот ќе биде 6, а максималната температура ќе се искачи до 26. степени.

– Под влијание на циклонски систем придружен со атмосферски фронт денес времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално во попладневните часови процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, поинтензивни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Дневната температура ќе се намали за пет до осум степени. Потоа од среда ќе преовладува умерено облачно време со пониска температура, а само на места ќе има услови за краткотраен слаб дожд, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука