Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Евидентирана нова пештера во Националниот парк „Галичица“

Охрид, 29. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на научните истражувања коишто се спроведуваат во рамките на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“, спелеолозите од Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ евидентираа нова пештера во Националниот парк „Галичица“.

– Алпинистичка Пештера е новооткриената пештера. Таа се наоѓа во близина на виа-фератата Доброја. Пештерскиот екосистем е зачуван во неговата природна форма, без евидентирани човекови влијанија. Во разгранетите пештерски канали има драперии, травертински басени, сталактити и сталагмити, информираат од Националниот парк.

Додаваат дека температурата на воздухот е пониска од 16°C, така што во топлите летни месеци истражувањата во пештерата претставуваат вистинско задоволство. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука