ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Охридската гимназија новата учебна година ја започнува со класови во прва година од по 13 ученици!

Охрид, 29. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – ОСУ „Св. Климент Охридски“, новата учебна 2023/2024 година ја започнува со седум класови кои имаат по 13 ученици.

Ова го покажуваат информациите кои попладневно беа објавени во Гимназијата, ставени на увид на учениците и родителите, на само неколку дена пред стартот на новата учебна година. Бројките покажуваат дека продолжува трендот и охридските полуматуранти и годинава повеќе се заинтересирани школувањето да го продолжат во стручните училишта отколку во гимназијата.

Градските советници на денешната 31. седница ги усвоија Предлог одлуките за давање мислење на Програмите за изведување на училишните екскурзии и други слободни активности во учебната 2023/2024 година и Предлог-oдлуката за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 20 ученици за основните училишта во општина Охрид. Беа усвоени и Предлог-одлуките за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 25 ученици во ОСУ „Св. Климент Охридски“, СОСУ„ Св. Кирил и Методиј“ и во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука