Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Денес „езерско“ дерби на „Билјанини извори“

Охрид, 30. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Денеска од 16:00 часот на стадионот „Билјанини извори“ ќе се одигра одложениот фудбалски натпревар од второто коло меѓу ГФК Охрид Лихнидос и струшки Караорман.

„Езерското“ дерби требаше да се одигра на 19-ти овој месец, но ден пред натпреварот ГФК Охрид Лихнидос добил соопштение од ФФМ дека истиот се одложува без никакви наведени проблеми или причини. Ова наиде на бурни реакции меѓу охриѓани и на социјалните мрежи. Претседател на ГФК Охрид Лихнидос Данчо Целески најави дека ќе поднесе оставка до управниот одбор и до Градоначалникот на Охрид, како и покренување тужба за загубена штета во име на клубот против луѓето потписници на одлуката и против ФФМ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука