Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Утре неколку часа без вода ќе бидат корисниците од централното подрачје и стариот дел на градот

Охрид, 30. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Поради приклучување на новата водоводна линија од гимназијата „Св.Климент Охридски“ во градската водоводна мрежа, утре од 08:00 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците од централното подрачје и стариот дел на градот.

Од охридски „Водовод“ информираат дека прекин во водоснабдувањето ќе има на улиците: „Димитар Влахов“, „Партизанска“, „Славеј Планина“, дел од Бул.Туристичка (на потегот од гимназијата до бензиската пумпа Макпетрол), дел од „Јане Сандански“ ( на потегот од гимназијата до кејот), „Кеј Македонија“, „Цар Самоил“, „Самоилова“, „Коста Абраш“, „Климентска“, „Св.Климент Охридски“, „Аргир Маринчев“, „11ти Октомври“, „Боро Шаин“, „Бранко Шотра“, „Димче Маленко“ и дел од „Илинденска“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука