Економија Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

МТСП: Пензиите ќе се исплаќаат на почетокот на месецот како пред пандемијата

Скопје, 30. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Со исплатата на пензијата за август се враќа редовниот начин на исплата, наместо предвремената исплата на пензијата, која беше воведена поради прогласувањето на пандемија во државата и донесените мерки за заштита од коронавирусот, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

– Поради завршувањето на пандемијата, деловните банки преку Македонската Банкарска Асоцијација (МБА) ја прекинуваат досегашната пракса за предвременото исплаќање на пензиите, со тоа што пензиите ќе се исплаќаат на први во месецот, директно од буџетот на државата, соопштија од министерството.

Потсетуваат дека за време на траење на пандемијата, во соработка со деловните банки, се вршеше предвремена етапна исплата на пензиите во четири групи. Тоа беше дел од препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот кај пензионерите како најранлива возрасна група. Целта, како што се наведува, беше да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука