Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 29. степени

Охрид, 3. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид сончево време со мала до умерена локална облачност, а од вечерните часови облачноста ќе се зголеми.

UV индексот ќе биде 7, а максималната температура ќе се искачи до 29. степени.

– Под влијание на влажен бран во ноќните часови и утре времето ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува засилен северен ветер (над 60 км/ч.) што ќе услови значително намалување на дневната температура за пет до осум степени. Од вторник ќе преовладува умерено облачно време со услови за локален слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од североисточен правец, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука