ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија ТОП ВЕСТИ

За вечерва најавен протест по наводите за криминал на Клиниката за Онкологија

Скопје, 4. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На социјалните мрежи група граѓани за вечерва најавуваат протест кој ќе започне во 18:00 часот пред зградата на македонската Влада во Скопје.

Во повикот до граѓаните се вели целта е да се изрази револтот против криминалот кој со години се толерирал на Клиниката за Онкологија.

Според најавата на групата на Facebook, протестот од Влада ќе продолжи пред Министерството за здравство каде ќе бидат побарани оставки и одговорност од сите министри за здравство.

Скандалот со кражбата на лекови на онкологија не смее да помине неказнето и повторно само кабелот да биде виновен!, стои во повикот за утрешниот протест.

– Не прифаќаме одговорност од најнискиот еншалон во Онкологија – бараме кривична одговорност за владините функционери!, се вели во најавата за протестот.

Еве и дел од барањата на организаторите на утрешниот протест:

– Бараме одговорност од министрите Венко Филипче, Беким Сали и Фатмир Меџити.

– Бараме одговорност од замениците-министри за здраство Илир Хасани и Маја Манолева.

– Бараме одговорност од поранешната директора на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Ирина Сотирова Бухова и актуелната директорка Рената Младеновска.

– Бараме одговорност од поранешниот организационен директор на Клиниката Нехат Нухи. (Крај)

извор: Тв Телма фото: Тв Телма

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука