Избор Локална самоуправа ТОП ВЕСТИ

Распишан ликовен и литературен конкурс на тема „Со плодови во топлите есенски бои исполни ги дланките свои“

Охрид, 5. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид во соработка со охридските основни училишта распиша ликовен и литературен конкурс на тема „Со плодови во топлите есенски бои исполни ги дланките свои“.

– Човештвото се соочува со намалување на зелените површини,а целта на овој проект е унапредување на просторот со зеленило и цветни површини со што ќе се овозможи подобрување на квалитетот на воздухот, подобрување на квалитетот на живот во градските подрачја и унапредување на животната средина, стои во конкурсот.

Овој еко проект е по повод одбележување на Есенската рамноденица – почеток на есента, 23-ти септември. Право на учество имаат сите деца на возраст од 6 до 14 години, ученици во основните училишта на територијата на Општина Охрид.

Секое дете има право да учествува со по еден труд (ликовен или литературен).
Вкупниот буџет за реализација на проектот е 30.000 денари. Прво наградените ученици на ликовниот и литературен конкурс добиваат по 7.000 денари, второ наградените по 5.000 денари и трето наградените по 3.000 денари еднократно.

Пријавите по наведениот конкурс да се достават најдоцна до 25. септември, до 12:00 часот, во архивата на Општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука