Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид се снима документарецот „Средновековното наследство на династијата Немањичи на почвата на денешна Република Македонија“

Охрид, 5. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Викендов во Охрид започна снимањето на документарец од новиот научен серијал „Средновековното наследство на династијата Немањичи на почвата на денешна Република Македонија“.

Стручен соработник и наратор на серијаталот е доц. д-р Јасмина Чириќ од Универзитет во Крагуевац, Филолошко-уметнички факултет и новинарката Билјана Тодоровиќ Георгиевска со нивниот тим, кои беа во посета на почесниот конзулат на Република Србија во Охрид.

– Во прекрасна пријателска атмосфера разговаравме дека најважна е соработката во сферата на културата и слични вакви проекти помеѓу двете држави за поголема кохезија на заедничките културни вредности кои ги делиме низ вековите, а тоа ќе придонесе за уште поголема туристичка посетеност на регионот и за уште поголемо зацврстување во сите пори меѓу братските народи. Посебна благодарност за реализацијата на првата епизода од серијалот до епископот на Дебарско-кичевска епархија МПЦ ОА – г. Тимотеј, како и до сите институции и граѓани на Македонија, напиша Почесниот конзул на Србија во Македонија со седиште во Охрид, Михајло Филев. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука