Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Одбележани 14 години од несреќата на бродот „Илинден“

Охрид, 5. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Делегација на Општина Охрид денеска положи свежо цвеќе на спомен обележјето „Солза на Роза“, по повод 14 години од несреќата на бродот „Илинден“ во која загинаа 15 бугарски туристи.

Свежо цвеќе на меморијалниот споменик положија и делегации на Република Бугарија и граѓански здруженија.

Бродот „Илинден“ превезуваше 57 патници на релација од Охрид за Свети Наум, а потона во Охридското Езеро на 250 метри од брегот, во близина на автокампот „Елешец“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука