Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Наскоро втори „IT Денови на кариера – Охрид“

Охрид, 8. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 29-ти и 30-ти септември 2023 година, од 12:00 до 18:00 часот, во Касарна Хаб во Охрид, во поранешната касарна, ќе се одржат вторите „IT Денови на кариера – Охрид“.

Настанот има за цел да ги поврзе локалните IT таленти со водечките компании во IT индустријата во Република Македонија.

– Според податоците на Државниот Завод за статистика, во Охрид има 8.200 млади лица на возраст од 15 до 29 години, кои се потенцијални кандидати за вработување, информираат организаторите.

Тие испраќаат покана до сите заинтересирани компании да бидат излагачи на еден од двата дена. Предвидено е да бидат присутни по 10 компании дневно, а поради органичениот број места, штандовите се издаваат на првите кои ќе се пријават.

Касарна Хаб започна со работа од јули 2022 година, и веќе има организирано над 50 различни настани, IT обуки за 170 деца, a помогна и за вработување на 50 млади лица. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука