Избор Култура Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Денеска бесплатен влез во сите објекти под надлежност на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид

Охрид, 8. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Со повеќе свечени и културни активности во целата држава, во организација на Владата на Република Македонија, ќе биде одбележан големиот празник, 8-ми Септември – Денот на независноста.

По тој повод сите заинтересирани граѓани, денеска ќе можат бесплатно да ги посетат сите објекти под надлежност на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид.

– Станува збор за Музејот и Куќата на Робевци во Охрид, Самуиловата тврдина, Галеријата на икони, Меморијалната куќа на Христо Узунов и Музејот на вода, информираат од Завод и Музеј Охрид.

Денот на независноста е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука