Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

ООУ„Кочо Рацин“ од Охрид добитник на плакета eTwinning School

Охрид, 8. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – „Кога тимски се работи и се има поддршка од раководството успехот е неминовен”. – вели наставничката Силвана Крстеска која е наставничка по математика во Основното училиште „Кочо Рацин“ и eTwinning амбасадор во Македонија.

– Нашето училиште е добитник на плакетата eTwinning School, а со тоа и официјално е признато на европско ниво како модел училиште за eTwinning и официјално влегува во мрежата на водечки училишта кои служат како инспирација за идниот развој на образованието. Што значи оваа плакета? Сите училишта кои се прогласени за еТвининг училишта ги вградуваат вредностите на еТвининг во своите политики, практики и во професионалниот развој на наставниците, со поддршка на училишното раководство. Со оваа ознака за еТвининг училиште, се препознати и вреднувани вклученоста, заложбата и посветеноста не само на индивидуалните наставници еТвинери, туку и на целото училиште, каде тимови на наставници и училишни лидери работат заедно. Мисијата на нашето училиште ги истакнува елементите како што се: заедничко лидерство, соработка и тимска работа, капацитет за делување на учениците, инклузија и иновација, претставување пример за другите училишта. Работата на eTwinning проектите, споделувањето добри практики, соработката и присуството на ексклузивни онлајн настани во изминатите години беше патоказот кој нѐ доведе до успешна реализација на повеќе од 50 проекти на различни теми. Во текот на вчерашниот ден беше објавен списокот на добитници на European Quality Label 2022 и на него дури 13 Европски Ознаки за Квалитет се за проекти кои се реализираа во нашето училиште. Оваа година сме добитници на седум Национални Ознаки за Квалитет за реализација на eTwinning проектите, за кои цврсто веруваме дека понатаму ќе бидат наградени со Европски Ознаки за Квалитет. Радува и фактот што сѐ повеќе наставници од училиштето се мотивираат и се вклучуваат на европската платформа, да работат на проекти и да соработуваат со наставници ширум Европа, потенцираат од училиштето.

Тие изразија благодарност на сите родители кои веруваат во наставниците и им даваат безрезервна поддршка доверувајќи им ги нивните деца.

– Упатуваме честитки на сите 24 училишта ширум Македонија кои се добитници на оваа плакета. „Сами не можеме многу, но заедно можеме да поместиме планини” – е мотото по ќе продолжиме да чекориме. Тимска работа+поддршка = успех. Нашето училиште е добитник на плакетата eTwinning School, а со тоа и официјално е признато на европско ниво како модел училиште за eTwinning и официјално влегува во мрежата на водечки училишта кои служат како инспирација за идниот развој на образованието. Што значи оваа плакета? Сите училишта кои се прогласени за еТвининг училишта ги вградуваат вредностите на еТвининг во своите политики, практики и во професионалниот развој на наставниците, со поддршка на училишното раководство. Со оваа ознака за еТвининг училиште, се препознати и вреднувани вклученоста, заложбата и посветеноста не само на индивидуалните наставници еТвинери, туку и на целото училиште, каде тимови на наставници и училишни лидери работат заедно. Мисијата на нашето училиште ги истакнува елементите како што се: заедничко лидерство, соработка и тимска работа, капацитет за делување на учениците, инклузија и иновација, претставување пример за другите училишта. Со што се гордееме: Повеќе од 50 реализирани проекти на различни теми: 13 Европски Ознаки за Квалитет за 2022 година, 7 Национални Ознаки за Квалитет за 2023 година за кои цврсто веруваме дека понатаму ќе бидат наградени со Европски Ознаки за Квалитет. Сѐ повеќе мотивирани наставници од училиштето кои се вклучуваат на европската платформа, да работат на проекти и да соработуваат со наставници ширум Европа. Благодарност на сите родители кои веруваат во нас – наставниците, и ни даваат безрезервна поддршка доверувајќи ни ги нивните деца. Честитки на сите 24 училишта ширум Македонија кои се добитници на оваа плакета, додаваат од ООУ„Кочо Рацин“ од Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука