Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со врнежи од дожд и температура до 25. степени

Охрид, 24. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со услови за врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер попладне и во вечерните часови.

Максималната температура ќе се искачи до 25. степени.

– Повремено пороен дожд со грмежи и засилен ветер ќе има од денес попладне до утре до вечерните часови. Повеќе врнежи ќе има во западните делови каде локално се очекува да наврнат над 30 л/м2. Од вторник времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд. Наутро ќе биде свежо, а дневните температури ќе бидат во благ пораст, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука