ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Охридските нуркачи од Центарот „Амфора“ го развиорија македонското знаме во преубавото море кај Хургада во Египет (Фото)

Охрид, 25. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Професионална екипа од Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид го развиори македонското знаме во преубавото море кај популарниот туристички центар Хургада во Египет.

Нуркањето во Црвено Море е една од работите кои се препорачуваат при секоја посета на овој регион. Локациите важат за едни од најубавите на светот, со корални гребени, разновиден жив свет и кристално чиста вода. Температурата на водата ретко се спушта под 22 Целзиусови степени, дури и во длабоко во зимскиот период (декември-февруари). Во текот на летото, температурата на водата достигнува и 30 степени. Видливоста е исклучителна и достигнува максимални 40 метри, поради што областа наликува на огромен аквариум и овозможува извонредни подводни фотографии.

Временските услови, исто така, се исклучително поволни, со температури што се движат од 20 до 40 степени во зависност од периодот во годината. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: НЦ „Амфора“

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука