Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Бектеши: Мерките се почитуваат, утре одлука за намалување на цените на алкохолните и безалкохолните пијалоци

Скопје, 25. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Граѓаните да бидат спокојни. Мерките кои ги носи Владата со цел заштита на стандародт на граѓаните ќе се реализираат во целина. На следната седница на Владата ќе биде донесена одлука за намалување на цените на алкохолните и безалкохолните пијалоци, a се прави и анализа за намалување на цените на хигенските производи, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој истакна дека компаниите имаа рок да се усогласат со новите одлуки и со новите Законски решенија кои треба да се почитуваат од сите трговци.

– Имаме ново законско решение во делот на Заштина на потрошувачите и по барање на Стопанска комора на компаниите им дадовме определен рок да се усогласат со измените барањата на Законот. Овa законско решение целосно се применува во најразвиените европски земји и треба целосно да биде почитувано. Во однос на одлуката која веќе ја донесовме, тоа што знаеме точно е дека утре ќе има одлука за намалување на цените на безалкохолните и алкохолните пијалоци. За хигиенските производи најверојатно во текот на оваа недела ќе бидат завршени сите консултации и ќе видиме дали има простор да се донесат одредени мерки, кажа Бектеши.

Министерот потенцираше дека Министерството за економија и сите надлежни институции прават анализи на неделна основа и врз основа на сите влезни податоци ќе се донесат одлуки кои што ќе бидат во интерес на заштита на стандардот на граѓаните. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука