Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Во охридскиот Основен Суд за денеска е закажан главниот претрес во случајот против адвокатот Тони Менкиноски

Охрид, 26. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во охридскиот Основен Суд денеска треба да се одржи главниот претрес во случајот против адвокатот Тони Менкиноски.

Тој се товари дека го нарушил јавниот ред и мир кога на празникот Водици во Охрид, кај „Долна Порта“ го истакнал знамето, кое до 1994 година беше официјално на Република Македонија.

На претходното рочиште Менкиноски во одбраната го призна фактичкиот настан од 19-ти јануари оваа година, но дека не се чувствува виновен, бидејќи како што рече деке нема прекршено ни еден закон, меѓуароден договор или било каков билатерален договор со истакнување на македонското знаме од Кутлеш. Менкиноски има уште една пријава за истакнување на „Сонцето од Кутлеш“, во знак на поддршка за осудените за 27-ми април.

Тој побара за следното рочиште четири лица од СВР Охрид да бидат повикани и да образложат како е нарушен јавниот ред и мир врз основа на која законска или подзаконска норма се повикуваат на барањето за поведувањ прекршочна постапка.

Менкиноски притоа додаде дека околку во судницата не се појават претставници од СВР Охрид, тој ќе побара ослободителна пресуда.

Инаку на сите досегашни рочишта со развиорени знамиња, скандирања и пеење патриотски песни, група граѓани од Охрид, беа пред Основниот Суд во Охрид да му дадат поддршка на Менкиноски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука