Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Ќе се намалува цената на безалкохолните и алкохолните пијалоци, се прават консултации за хигиенските производи

Скопје, 26. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Имаме ново законско решение во делот на Заштина на потрошувачите и по барање на Стопанска комора на компаниите им дадовме определен рок да се усогласат со измените барањата на Законот. Овa законско решение целосно се применува во најразвиените европски земји и треба целосно да биде почитувано.

– Во однос на одлуката која веќе ја донесовме, тоа што знаеме точно е дека денеска ќе има одлука за намалување на цените на безалкохолните и алкохолните пијалоци. За хигиенските производи најверојатно во текот на оваа недела ќе бидат завршени сите консултации и ќе видиме дали има простор да се донесат одредени мерки, порача вчера министерот за економија Крешник Бектеши.

Министерот потенцираше дека Министерството за економија и сите надлежни институции прават анализи на неделна основа и врз основа на сите влезни податоци ќе се донесат одлуки кои што ќе бидат во интерес на заштита на стандардот на граѓаните. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука