Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на СВР Охрид: Полицијата пронајде марихуана кај 31-годишно лице од Охрид

Охрид, 26. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 25-ти септември 2023 година, околу 18:00 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, полициски службеници од Полициската станица Кичево лишиле од слобода 31-годишно лице од Охрид, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

– Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука