Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Учениците од здравствената струка при СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ учествуваа на државниот натпревар по Прва помош

Охрид, 26. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Учениците од здравствената струка при СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ од Охрид, како победници на општинскиот натпревар по Прва помош, учествуваа на државниот натпревар кој се одржа во саботата, на 23-ти септември 2023 година во Велес.

– По интензивните подготовки со помош на обучувачи од Црвен Крст – Охрид и менторот проф. Ивона Наумоска Опетчевска учениците се покажаа во најдобро светло и во конкуренција од 33 екипи се пласираа на осмото место. Честитки до учениците и менторот, потенцираат од училиштето. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука