Забава Избор

Групата Ареа ќе одржи акустичен концерт во Битола

Битола, 28. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Групата Ареа во сабота, на 7-ми октомври 2023 година ќе одржи акустичен концерт во Битола.

– Предходната година го издадовме новиот албум „Љубов е“ и до сега имавме повеќе концертни настапи во повеќето места во Македонија меѓу кои и во Битола. Овој пат решивме тоа да биде акустичен концерт, каде во една поинаква и поинтимна атмосфера публиката ќе може да ужива во нашите песни, информираат од групата.

Концертот под наслов „Area Unplugged“ ќе се одржи за прв пат на сцената во Центарот за култура во Битола, со почеток во 20:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука