Економија Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Одложен охридскиот дел од кампањата „Ние сме Европа“

Охрид, 28. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Поради итни и неодложни обврски на заменик претседателот на македонската Влада задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, одложена е трибината која требаше утре да се одржи во Охрид, како дел од кампањата „Ние сме Европа“.

На истата беше предвидено да се разговара за развој на туризмот и заштитата на животната средина, а беа најавени обраќања на Бојан Маричиќ, Вицепремиер за европски прашања, Каја Шукова, Министерка за животна средина и просторно планирање. Љупчо Јаневски, директор на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот и Грегор Прескер, амбасадорот на Република Словенија.

Од кабинетот на Маричиќ информираат дека датумот кога ќе се одржи трибината ќе биде соопштен дополнително. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука