Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Во меѓувреме во светот: Отворена најсовремената концертна сала The Sphere во Las Vegas

Охрид/Las Vegas, 1. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Додека ние се занимаваме со докажување дека сме постоеле и пред 1940 и некоја, на светот му се случи The Sphere, најсовремената концертна сала во Las Vegas.

The Sphere, лоцирана во The Venetian Resort, е супер модерна овална концертна сала, дизајнирана од Populous, проект кој беше најавен од сопствениците – the Madison Square Garden Company уште во 2018 година. Чини 2,2 милијарди долари, има 16.000 седишта со импресивни аудио и видео можности, 16K резолуција и 4D ефекти, сето тоа на 54.000 м2 покриени со LED екрани внатре и надвор од салата. Конструкцијата започна уште во 2019 година, а The Sphere е висока неверојатни 112 метри и широка 157 метри.

За свеченото отворање беа ангажирани култните U2 кои таму ќе ја одржат нивната концертна серија од 25 настапи наречена „U2: UV Achtung Baby Live At Sphere“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука