Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Два златни и еден сребрен медал освоија учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески“ на Меѓународниот натпревар GATUS 2023

Охрид, 3. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески“ и градот Охрид беа одлични домаќини на 11. Меѓународен натпревар на ученици од угостителски и туристички училишта GATUS 2023.

На натпреварот учествуваа вкупно 15 училишта од земјите од поранешните југословенски републики. Имаше ученици од Марибор, Ново Место и Радовљица (Словенија), Опатија, Осијек и Сплит (Хрватска), Бања Лука и Приједор Босна и Херцеговина), Белград, Смедерево и Лесковац (Србија), Бар и Херцег Нови (Црна Гора), Охрид и Македонски Брод (Македонија).

Учесниците ги демонстрираа своите вештини во дисциплините угостителско послужување, готварство и подготовка на туристички аранжмани, со посебен акцент на планинскиот,рурален туризам.

Учениците од РЦСОО„Ванчо Питошески“ повторно беа меѓу најдобрите, освојувајќи 2 златни и 1 сребрен медал.

Готварство
– Никита Мишевски
– Валентин Матоски
– Антонио Мицески
ментор: Војо Ангелоски

Туристички аранжмани
– Петар Ѓорѓиев
– Христина Кушлаковиќ
– Бранкица Велевска
ментор: Јелиз Караман Бешир

Послужување
– Константин Мурговски
– Филип Јордановски
– Христијан Крчов
ментор: Елена Спировска

Домаќин на следниот натпревар GATUS 2024 ќе биде градот Осијек во Хрватска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука