Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Филијалата на Стопанска банка во центарот на Охрид доби награда за најдобар ентериер на БИМАС 20-21

Охрид, 4. откомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Филијалата на Стопанска банка АД Скопје во Охрид, вклопена во автентичниот амбиент на старата охридска архитектура, доби награда за најдобар ентериер на Биеналето на македонската архитектура (БИМАС 20-21).

Наградата му беше доделена на архитектонското студио БМА, кое го реализираше внатрешното уредување на филијалата, на затворањето на БИМАС 20-21 што се одржа во Музејот на современа уметност во Скопје. Уникатната филијала на Стопанска банка е лоцирана во најубавиот дел на градот Охрид, во куќа како културен споменик која на најдобар начин ги спојува долгата традиција на банката и силното присуство во градот и регионот, јави порталот faktor.mk.

– Горди сме што стручната јавност ги препознава нашите заложби на клиентите да им го понудиме најдоброто во секој сегмент од работењето. Изразуваме голема благодарност до архитектонскиот тим и колегите од Секторот за административна поддршка вклучени во развојот на проектот. Оваа филијала е бисер во нашата голема мрежа филијали и пример за симбиоза помеѓу традиционалното и модерното, истакнаа од Стопанска банка. (Крај)

извор: faktor.mk фото: faktor.mk/Васе Петровски – Аманито

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука